Top Sport

(Видео) Тинејџерот на Мерцедес го засени дебито на Хамилтон

Формула 1 тимовите претпладнево на патеката „Сакир“ во бахреин ги започнаа тестирањата во пресрет на новата сезона. Три дена тимовите ќе тестираат во Бахреин.

Во центарот на вниманието беше седумкратниот светски првак Луис Хамилтон, кој го имаше првиот официјален настап како возач на Ферари.

Британецот го постави петтото најбрзо време по четиричасовната утринска сесија, со заостанување од 406 илјадити делови од секундата зад лидерот во новиот болид на Ферари со ознака Ф25.

Ветеранот Фернандо Алонсо, исто така, беше на патеката со својот Астон Мартин, додека дебитантот на Ред Бул, Лиам Лосон, имаше одличен ден, поставувајќи го второто најбрзо време.

Денот го одбележа тинејџерот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, кој беше најбрз со време од 1:31.428 минути.

Алекс Албон го имаше третиот најдобар резултат, а Јуки Цунода исто така беше побрз од Хамилтон.

Во утринската сесија возеа и Оскар Пјастри, Џек Духан, Нико Хулкенберг и Оливер Берман.

Берман беше убедливо најбавен, четири секунди зад Антониели, додека сите останати беа во интервал од една секунда, но тој извозе најмногу кругови од сите во неговиот Хас, 72.

На попладневната сесија ќе настапи актуелниот шампион Макс Ферстапен, Ландо Норис, Шарл Леклер, Џорџ Расел, Ленс Строл, Пјер Гасли, Естебан Окон, Исак Хаџар, Карлос Саинц и Габриел Бортолето.

Scroll to Top