Легендата на Интер и потпретседател на клубот, Хавиер Занети смета дека неговиот клуб влегува во нова возбудлива ера во која нападот на „нераѕурите“ ќе го предводат неговите аргентински сонародници, Мауро Икарди и Лаутаро Мартинез.
Хероите на славната генерација од 2010 на Интер која ја освои титулата се собраа во Милано на прослава (без Горан Пандев и уште неколку фудбалери), и Занети во интервјуто за „Газета дело спорт“ ја објасни визијата за иднината.
„Тој Интер и овој сегашен тим се во различни ситуации. Ние стигнувавме до нашиот врв на една ера, додека овој Интер полека се враќа каде што му е местото – Лигата на шампионите. Мечевите против Милан и Барселона се многу важни и тука треба да ја покажеме нашата сила. Дерби ди Милано секогаш е посебен меч, а најмногу се сеќавам на 2010 кога победивме со 4:0. Иднината е пред нас. Го имаме младиот Лаутаро Мартинез, Икарди полека станува симбол на овој тим, а Спалети е тренер во кој имаме целосна доверба“, вели Занети.