Циркусот продолжува! На Интернет се појави снимка во која УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов најави дека сака да влезе во боксерскиот ринг и да се „обиде“ со Флојд Мејведер Јуниор, нешто во што не успеа неговиот ривал Конор Мекгрегор
По брилијантната победа над Мекгрегор, „акциите“ на Нурмагомедов се во пораст, и сега во снимката со шефот на „Мејведер промоушнс“, Леонард Елербе јавно го прозива Мејведер со пораката дека во „џунглата има еден крал“.
Хабиб го „провоцира“ Мејведер за тоа што не успеа да го прати во нокдаун Мекгрегор во боксерскиот спектакл минатата година. Како и да е, ова е само убава најава дека има многу пари за заработка во УФЦ октагонот или во боксерскиот ринг, за Мејведер, за Мекгрегор, и посебно за Дагестанецот Хабиб.
Мејведер засега не одговори на провокациите, но го даде своето мислење за мечот, дури преправајќи се дека не го познава Нурмагомедов.
„Не го знам момчето со кого се бореше Мекгрегор, но знам дека беше непоразен. Мекгрегор е опасен противник, но тоа што се случи по мечот беше непрофесионално. Сигурно ќе биде голема казна“, изјави Мејведер.
‘Unprofessional’ Khabib can expect ‘crazy fine’ after McGregor brawl, says Floyd Mayweather pic.twitter.com/msePrgGFAm
— UFC Related ?? (@UFCrelated) October 12, 2018