ММА сензацијата Хабиб Нурмагомедов наводно одбил понуда од 15 милиони долар за итен реванш со Конор Мекгрегор, вели Алекс Нурмагомедов, чичкото на УФЦ шампионот во лесна категорија.
Мекгрегор веднаш по мечот побара шанса за уште една пресметка, но Дагестанецот прво влезе во конфликт со претседателот на УФЦ, Дејна Вајт околу задржаниот награден фонд за првиот меч, а потоа го предизвика (и доби првичен позитивен одговор) за пресметка со боксерската легенда Флојд Мејведер Јуниор.
Според чичкото Алекс, реванш е нешто на што воопшто не размислува Хабиб.
„На Хабиб веќе не му е интересен Конор. Нема да се бори со него за било кои пари на светот. Веќе му нудеа реванш, со почетна сума од 15 милиони долари, но тој јасно им порача дека нема ништо од договор. Јас знам дека Хабиб сака да го пречека Тони Фергусон, а Конор нека се бори со кого сака“, вели Алекс Нурмагомедов.
Што и да реши Хабиб, едно нешто е сигурно, тоа ќе биде со висока заработувачка за шампионот.
Khabib Nurmagomedov has turned down rematch with Conor McGregor, claims UFC champion's uncle https://t.co/2c7Qw11ikL pic.twitter.com/sjRZReSWKg
— EDAFE MATTHEW ESEOGHENE (@ELEGBETE1) October 16, 2018