Репрезентациите на Колумбија и Чиле забележаа победи во контролните натпревари против Костарика, односно Мексико, одиграни во текот на изминатата ноќ.
Колумбија со 3:1 славеше над Костарика, а мечот го реши 19-годишниот дебитант Хуан Камило Ернандес. Младиот напаѓач на Уеска постигна два гола во второто полувреме и го завери триумфот на Колумбија.
Претходно, во првото полувреме, Карлос Бака постигна гол за Колумбија, а израмни ветеранот Кендал Вастон.
Чиле минимално со 1:0 победи против Мексико. Единствениот гол го постигна Николас Кастиљо во 89.минута од натпреварот.
Без победник, со резултат 1:1, заврши натпреварот помеѓу САД и Перу. Американците водеа со голот на Сарџент, а во 86.минута конечниот резултат го постави Флорес.