Top Sport

Каде заглави околу Осимен: рокот за исплата и процентите

Преговорите меѓу Галатасарај и Наполи околу ангажманот на Виктор Осимен продолжуваат. Од една страна, се чини дека договорот се приближува секој ден, но има некои детали за кои двете страни не можат да се договорат.

Се чини дека двете страни постигнале договор за вкупната цена на отштета. Наполи треба да ги добие посакуваните 75 милиони евра, но проблемот е динамиката на плаќањето.

Наполи сака 40 милиони евра веднаш, а 35 милиони евра да бидат исплатени во 2026 година. Галатасарај се согласи на 40 милиони веднаш, но сака да ја продолжи втората транша од 35 милиони евра до 2027 година.

Наполи, исто така, сака да се стави во трансферот и клаузула во врска со процент од следната продажба што би му припаднал на италијанскиот шампион, нешто за кое турскиот шампион не сака да чуе. Двете страни се уште се на преговарачка маса, па ќе видиме што ќе донесат наредните денови, па дури и часови.

Scroll to Top