Манчестер Јунајтед е пред потпишување со Брајан Мбеум од Брентфорд. За него тие понудија 75 милиони евра, а Брентфорд ја прифати.
Договорени се и бонуси, што значи дека Брентфорд би можел да заработи вкупно 82 милиони евра од продажбата.
Камерунскиот репрезентативец треба да ги помине медицинските прегледи во клубот пред тимот на Рубен Аморим да отпатува за САД во вторник на предсезонска турнеја.
25-годишниот крилен напаѓач треба да стане третото засилување на Јунајтед ова лето по доаѓањето на напаѓачот Матеус Куња и левиот бек Диего Леон.
Јунајтед даде прва понуда, вредна 63 милиони евра, на почетокот на јуни. Втората понуда од 72 милиони евра беше неуспешна, но Брентфорд ја прифати најновата понуда на Јунајтед, вредна почетни 75 милиони евра.
Мбеум, кој се приклучи на Брентфорд од Лориен во 2019 година, ќе биде најскапиот трансфер на клубот.
Фото: Принтскрин