Српските одбојкарки изборија пласман во финалето на Светското првенство во Јапонија. Србинките во првото полу-финале на одбојкарскиот мундијал славеа над Холандија 3:1 (25:22, 26:28, 25:19, 25:23).
Србинките испишаа историја, бидејќи во Јокохама, се изброија за своето прво финале на Светските првенства. Во минатото Србија има освоено само еден медал на мундијалите (бронза во 2006 година).
Блескаше на овој меч 21-годишната Тијана Бошковиќ, која освои 29 поени.
Во финалето Србинките ќе играат против Италија или Кина. Финалето е на програмата утре во 12 часот, според средно-европско време.