Трудната сопруга на поранешниот НБА играч и италијански репрезентативец Данило Галинари била касната од ајкула во Порторико, објавија шпанските медиуми.
Веста за нападот ја потврди и Одделението за природни и еколошки ресурси (DRNA), а комесарот на општинската полиција во Каролина, Рубен Мојењо, изјавил дека жената добила отворена рана на бутината, но дека е во стабилна состојба и не е во животна опасност.
Иако властите не го објавија името на повредената, шпанскиот весник El Nuevo Día пренесе дека станува збор за сопругата на Галинари.
„Врз основа на доставените фотографии, сметаме дека карактеристиките на раната се компатибилни со каснување од ајкула, но за потврда се потребни дополнителни анализи. Поради тоа, побаравме примероци од медицинскиот персонал, кои ако бидат достапни, веднаш ќе бидат анализирани“, стои во извештајот на биологот од DRNA, Нилда Хименез.
Да потсетиме, Данило Галинари е поранешен НБА кошаркар кој настапуваше за екипите на Денвер, Атланта, Оклахома, Вашингтон, Детроит и Милвоки. Во моментов, тој игра за тимот Ваќерос де Бајамон од Порторико.