Фудбалерот на Бетис, Иско, ја скрши фибулата на левата нога, објави шпанскиот клуб.
Иско се повредил на пријателски натпревар против Малага, а Бетис изјави дека шпанскиот играч од средниот ред „ќе биде подложен на конзервативен третман во наредните недели“ и дека „неговото враќање ќе зависи од напредокот на повредата“. Сепак, шпанските медиуми објавија дека Иско ќе отсуствува околу три месеци.
„Ова е нова трауматска повреда која не е поврзана со претходна повреда која е санирана“, додаде Бетис во соопштението.
Иско (33) беше прогласен за најдобар играч во Конференциската лига минатата сезона, стигнувајќи до финалето со Бетис, а беше избран и во тимот на годината во шпанската Ла Лига.
Пред да се приклучи на Бетис, тој играше за Севиља, Реал Мадрид, Малага и Валенсија, додека одигра вкупно 39 натпревари за шпанската репрезентација и постигна 12 гола.
фото: принтскрин