Top Sport

Србија со +34 стартуваше на Евробаскетот

Србија со убедлива победа над Естонија 98:64 (32:12, 24:17, 30:15, 12:20) го започна настапот на 42. Европско првенство.

Во ниту едне момент Естонците не беа во можност да им се заканат на Србите. Србија започна со 9:0, а по првата четвртина мечот беше решен, Србија имаше 32:12.

Естонците се обидоа за два поени само двапати во првата четвртина, а дури 13 пати за три поени, постигнаа четири тројки.

На крајот, Јовиќ ја предводеше Србија со 18 поени (шест асистенции), Аврамовиќ со 13, Петрушев со 12, Јокиќ (десет скока, седум асистенции) и Богдановиќ (седум асистенции) со по 11.

Србија во второто коло ќе игра против Португалија.

Scroll to Top