Top Sport

Легендарната Катрин Лунде ќе брани за Црвена звезда

Најтрофејната ракометарка во историјата, трикратната олимписка шампионка Катрин Лунде потпиша договор со спрскиот првак, Црвена звезда.

„Со нетрпение очекувам повторно да почнам со тренинзи и натпревари. Ќе биде возбудливо во овој новиот тим“, рече 45-годишнината голманка, инаку седумкратна освојувачка на Лигата на шампионите и освојувач на 12 златни медали на големи натпреварувања (СП, ЕП и ОИ) со норвешката репрезентација.

Лунде се смета за една од најдобрите ракометарки во историјата на ракометот.

Во последната сезона, Лунде бранеше за дански Оденсе.

„Сè ми одговара. Тренирам и играм натпревари, а во исто време имам слобода што ми е потребна во односот со моето семејство. Во моментов тоа е најдоброто решение за мене“, рече Норвежанката.

Foto/ EPA

Scroll to Top