Најбрзиот човек во светот, Јусеин Болт, максимално и се посвети на фудбалската кариера и успеа да се избори за својот прв професионален договор.
Изминатиот период Болт беше на проба во екипата на Централ коуст маринерс, во Австралија, а минатата недела тој во контролен меч постигна два гола.
Австралиските медиуми пренесоа дека тимот решил да му пружи шанса на поранешниот атлетичар, што го потврдил и тренерот Рики Симс.
„Забележав дека разни работи се пишуваат по медиумите изминатите денови. Можам само да ви кажам дека на Јусеин му е понуден професионален договор. Толку можам да ви кажам, повеќе информации че добиете наскоро“, рекол Симс.