Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изразил задоволство од победата над Хадерсфилд, иако неговиот тим одигра просечен меч. „Црвените“, вчера, славеа кај Хадерсфил со голот на Мохамед Салах.
„Основата што ја направивме е брилијантна, 23 бода. Мислам дека никогаш претходно во кариерата не сум освоил толку бодови по девет кола, а тимот има уште толку многу простор за напредок“, рекол Клоп.
Германецот потенцирал дека никогаш не му се случило тимот да му бележи победи, а да не игра добро.
„Не е толку лошо, ова е прв период во мојот живот да добиваме со просечна игра. Навистина е така. Да бидам искрен преферирам спектакуларни победи, но прифаќам и вакви“, завршил Клоп.