Крилниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Ентони Марсијал, рекол дека секогаш бил коректен неговиот однос со тренерот Жозе Мурињо. Повремениот француски репрезентативец постигна два гола во саботното дерби против Челси.
„Нашиот одно никогаш не бил тензичен. Имаме однос играч-тренер, се надевам дека тоа така и ќе продолжи и дека тоа ќе му донесе добри резултати на Јунајтед“, рекол 22-годишниот напаѓач кој сезонава настапил на шест натпревари во Премиер лигата.
Марсијал е долго време тема во англиските медиуми бидејќи одбива да потпише нов договор со клубот од „Олд Трафорд“.