Top Sport

Парма го слави Пелегрини и првиот триумф во Серија А

Фудбалерите на Парма ја забележаа првата победа во новата сезона. Во претпоследниот натпревар од петтото коло, Парма успеа да го победи Торино со 2:1. Тимот од „Ениот Тардини“, скокна на табелата, па сега има пет бода на 13-то место, Торино е место подолу.

Домашниот тим поведе во 36-та минута кога Матео Пелегрино постигна гол од пенал.

Торино влезе подобро во второто полувреме, а по само пет минути игра израмнија. Енгонг успеа да го израмни резултатот со додавањето на Саул Коко.

Во 72-та минута на сцена повторно стапи Матео Пелегрино, ја искотисти асистенцијата на Емануеле Валерио.

Во следното коло, Парма повторно ќе игра дома, против Лече. Торино ќе патува во Рим на дуел со Лацио.

Scroll to Top