Top Sport

Челси ќе биде без помошта на Кол Палмер до почетокот на ноември

Кол Палмер, кој има повреда во препоните, може да ги пропушти натпреварите на Челси против Нотингам Форест, Ајакс, Сандерленд и Вулверхемптон во октомври, доколку неговата состојба не се подобри, објави „Би-Би-Си“.

Англискиот репрезентативец се повреди за време на дуелот против Манчестер јунајтед кон крајот на септември и мораше да биде заменет. Менаџерот на лондонскиот клуб, Енцо Мареска, се надева дека Палмер ќе избегне операција.

Напаѓачот прејде од Манчестер сити во Челси во 2023 година, по што ја освои Лигата на конференции и Светското клупско првенство.

 

 

Scroll to Top