Фудбалерите на Хетафе направија изненадување во 10-то коло од шпанската Ла Лига. Тимот од предградието на Мадрид, во Билбао, го победи Атлетик со 1:0.
По 10 рунди двата тима имаат по 14 бода, Атлетик Билбао е осми, а Хетафе деветти на табелата.
Бргу ќе биде заборавем натпреварот на „Сан Мамес“. Домаќинот напаѓаше, имаше повеќе од играта, но не беше ипасен и конкретен пред голот на Хетафе.
Гостите трпеливо чекаше ја чекаа својата шанса и ја дочекаа во 75-та минута.
Хетафе изведе опасен напад, еден од ретките на овој натпревар, а во гужвата пред голот на Унаи Симон, најдобро се снајде искусниот напаѓач Борха Мајорал и ја испрати топката во мрежата.
Интересно, овој удар беше единствениот што го упатија играчите на Хетафе во голот на Атлетик.
Foto/ EPA
