Барселона без Лионел Меси го победи Интер 2:0 во рамките на третото коло во Лигата на шампионите и го задржа максималниот ефект, додека италијанскиот тим го доживеа првиот пораз во елитната лига оваа сезона.
Рафиња кој играше на местото на Меси и Жорди Алба ги постигнаа головите за Барселона. Иако Барселона победи, потегот на мечот го имаше Марцело Брозовиќ од Интер.
Хрватскиот репрезентативец на оригинален начин го спречи Луис Суарез сериозно да се закани кон голот на Самир Хандановиќ.
Уругавецот од Барселона изведе слободен удар, се реши да шутира по земја, под „живиот ѕид“, но Брозовиќ со лизгачки старт под ѕидот го блокираше неговиот обид.
Потегот на хрватскиот репрезентативец измами и насмевка на лицето на Меси, кој дуелот го следеше заедно со својот син.
https://twitter.com/Falrefaei/status/1055303387644919809