Луис Суарез имаше причина да биде насмеан и покрај тоа што не беше стрелец во 2:0 победата на Барселона над Интер во средата навечер, откако се пофали со пристигнувањето на неговото трето дете, синот Лаути.
Во фотографија на Инстаграм, Суарез со голема насмевка го покажа својот нов син заедно со децата Делфина и Бенјамин и сопругата Софи.
„Добредојде Лаути, многу сме среќни што те имаме. Мајката е добро и среќна исто како децата. Ви благодарам за сите честитки“, напиша Суарез.
И покрај оваа вест, не се очекува Суарез да го пропушти „Ел класико“ против Реал Мадрид овој викенд.