Американскиот кошаркар Итан Хап повеќе не е играч на Валенсија, објави шпанскиот клуб.
Хап се мачеше со повреда на стапалото што ја заработи минатата сезона. Хап пристигна во Валенсија во летото 2024 година, но одигра само 10 натпревари за „Лилјаците“ во сите натпреварувања.
Репрезентативецот на Македонија имаше договор со Валенсија до летото следната година, но Шпанците одлучија да не чекаат со неговото закрепнување, кое сè уште е во тек.
Хап има 29 години, а пред Валенсија играше за Гран Канарија.
Foto/ EPA
