Македонската таеквондо федерација ги прогласи најдобрите в 2025 година. Најуспешните клубови и поединци донија плакети на настапот наречен „Најдобрите во Лига системот на Македонска Таеквондо Федерација за 2025 година“.
„Крунисавме уште една исклучително успешна година со настанот „Најдобрите во лига системот на Македонската Таеквондо Федерација“, настан кој не е само доделување признанија, туку прослава на труд, посветеност, дисциплина и љубов кон спортот.
Со особена чест можеме да констатираме дека македонското таеквондо, покрај тоа што е најуспешен спорт во државата, претставува и прв индивидуален спорт кој воспоставува вистински систем што гарантира континуитет, развој и постигнување на врвни спортски резултати. Овој систем значи силни клубови, образувани тренери, мотивирани спортисти, фер и професионални судии и организирани натпреварувачки структури кои создаваат шампиони“, се вели во соопштението на Таеквондо федерацијата.

Добитниците на плакети за 2025 година:
– I МЕСТО ВО ЛИГА СИСТЕМОТ НА МТФ ВО 2025 ГОДИНА
Таеквондо клуб „Бутел“
– II МЕСТО ВО ЛИГА СИСТЕМОТ НА МТФ ВО 2025 ГОДИНА Таеквондо клуб „Корио“
– III МЕСТО ВО ЛИГА СИСТЕМОТ НА МТФ ВО 2025 ГОДИНА
Таеквондо клуб „Феникс Кик“
– За постигнување на најголем спортски успех во олимписко таеквондо во 2025 година
Филип Блажевски
– Најдобар тренер во лига системот на мтф во 2025 година
Викторија Спасовска
-Најдобро организиран турнир во лига системот на мтф во 2025 година
Таеквондо клуб „КОРИО“
– Најдобар судија во лига системот на мтф во 2025:
Ирена Грозадановска

-За особен придонес во лига системот 2025:
Андреј Василевски
Ведрана Тунеска
Христијан Симоновски
Ненад Ќелевски
Душица Бреслиева
Мартина Наумовска

Од Таеквондо федерацијата на Македонија информираат дека во моментов се работи и на документарен филм во продукција на Македонската телевизија, филм кој ќе го овековечи историското олимписко сребро во Токио, ќе го раскаже патот до успехот и ќе остане запис за идните генерации.
„Убедени сме дека оваа манифестација ќе прерасне во силна традиција која ќе продолжи да ги мотивира нашите спортисти, тренери, клубови и сите кои се дел од нашето таеквондо семејство. Нашата мисија продолжува, да создаваме шампиони, да градиме карактери и да ја претставуваме Македонија на најдостоинствен можен начин“.
Извор и Фото/ Македонска Таеквондо Федерација
