Top Sport

Стивен Жанг, најмлад претседател во историјата на Интер (Видео)

Еден од најтрофејните италијански клубови, Интер, од денес има нов претседател. Сопственикот на клубот „Сунинг“, потврди дека од петокот прв човек на Интер е 27-годишниот Стивен Жанг. инаку син на мнозинскиот сопственик на групацијата Жанг Џангдонг.

Според магазинот „Форбс“ богатството на семејството се проценува на шест милијарди долари.

Со назначувањето на Стивен Жанг за претседател, заврши пет годишното владеење со Интер на индонезискиот бизнисмен, Ерик Тохир. Се претпоставува дека Тохир, на групацијата „Сунинг“ ќе му го продаде својот дел, односно 31 отсто од акциите.

Жанг стана најмладиот претседател во историјата на Интер, а на јавноста и се претстави со посебно видео.

Scroll to Top