Top Sport

Вознијацки има авто-имуна болест

Откако го одигра последниот меч на завршниот Мастерс во Сингапур, кој го загуби од Елена Свиотлина со 2:1, Каролин Вознијацки, окрила дека има авто-имуна болест.

Тенисерката од Данска открила дека болеста и била дијагностицирана пред почетокот на гренд слем турнирот во Њујорк (Ју-Ес опен). Рекла дека станува збор реуматоиден артритис, болеста што ги напаѓа коските во зглобовите.

Со терапијата започнала во август, по завршувањето на „Роџерс купот“ во Торонто. Откако започна со терапијата таа дури и успеа да ја освои титулата во Пекинг.

„Победата во Пекинг беше голема за мене. Тоа само го потврди она што го знаев дека нема да отстапам од својот пат. Ќе живеам со болеста. Не сакав да говорам за ова, не сакав другите да помислат дека не се чувствувам добро. Само ќе кажам, се чувствувам одлично. Среќна сум што сезоната заврши и сега ќе можам да ја контролирам болеста“, рекла Вознијацки.

Scroll to Top