Top Sport

Романците казнети со натпревар без публика поради „Косово е Србија“ и навредите за Унгарците

УЕФА ја казни Романија со еден натпревар без публика поради „расистички“ повици на мечот против Србија во Лигата на нации, односно поради вмешувањето политика откако извикуваа „Косово е Србија“.

Романија е казнета со 50.000 евра поради политичките извици и дополнителни 23.000 евра поради користењето на пиротехника. Романските навивачи покрај тоа што извикуваа „Косово е Србија“, ја навредувале Унгарија и во извиците ги поврзувале мигрантите со тероризам.

Важниот меч од Лигата на нации против Литванија на 17 ноември, Романците ќе мораат да го одработат без публика.

Романците во поддршка на Србите – цел стадион пееше: „Косово е Србија“ (видео)

Scroll to Top