Слоун Стивенс се пласира во финалето на завршниот Мастерс во Сингапур. Американката, во полу-финалето, ја победи Каролина Плишкова 0:6, 6:4, 6:1, а во финалето противничка ќе и биде елена Свитолина.
Амероканката, која во кариерата има една гренд слем титула, а сезонава играше во финалето на Ролан Гарос, успеа да направи неверојатен пресврт и а нешто помалку од два часа да се пласира во финалето.
Плишкова доминираше на почетокот на дуелот, првиот сет го освои со нула, во вториот имаше предност од 2:0 и 40:15 на свој сервис и тука застана. Стивенс тогаш ја презеде контролата во мечот, три пати во вториот сет направи брејк, а откако израмни на 1:1, во решавачкиот сет ја збриша својата противничка.
Свитолина и Стивенс досега на ВТА турнирите се сретнале три пати, Американката победила во Австралија во 2014 и Монтреал оваа година, а Украинката единствената победа ја забележала во 2014 година на турнирот во Чарлстон.
Тенисерката што ќе ја освои титулата сезоната ќе ја заврши на четвртото место, додека поразената ќе биде шеста на ВТА листата.