Роман Абрамович ќе загуби еден од своите најблиски соработници во Челси, откако техничкиот директор на тимот, Мајкл Еменало реши да си поднесе оставка.
Според британскиот „Телеграф“, поранешниот нигериски интернационалец, 52-годишниот Еменало му објавил на Абрамович дека заминува, откако цела деценија беше еден од клучните луѓе во ангажирањето на фудбалери за „Сините“, помагајќи во добивањето на играчи како Еден Азар.
Според весникот, причината за заминувањето на Еменало е незадоволството на менаџерот Антонио Конте околу слабиот летен трансфер-период.
„Челси имаа фрустрирачко лето, и тоа создаде тензија меѓу Конте, Еменало и директорот на клубот, Марина Грановскаја. Нашите извори велат дека Еменало нема желба да влегува во борба за моќ со Конте и Грановскаја, кои не разговараат меѓу себе“, се вели во коментарот на „Телеграф“.
Конте неколку пати јавно изјавуваше дека не е задовлен од бројот на играчи кој тимот ги купо во текот на летото. Шпекулациите велеа дека Конте ќе замине пред Еменало, кој е точно една деценија во клубот од Лондон.