Top Sport

„Неверојатната реакција на пилотот спаси уште сто животи“

Големата тргедија, во која загина сопственикот на фудбалскиот клуб Лестер,Вичаи Шриваданапраба, можела да биде уште поголема, доколку не била храбрата на реакција на пилотот, кој исто така загина во несреќата.

Новинарот на „Скај спорт“, Ден Кокс, раскажал дека пилото со својата храбра реакција спасил барем уште сто животи.

„Изглегов од стадионот и го слушнав хеликоптерот како полетува. Си помислив дека кога ќе ја кренам главата дека ќе го видам како заминува. Сепак, тогаш слушнав дека нешто не е во ред. Видеов дека се врти со голема брзина и пилотот спаси барем сто животи. Имаше многу луѓе пред стадионот, но тој успеа малку да ја намали ротацијата на хеликоптерот и да го насочи кон паркингот каде се урна. Пилотот кој загина е вистински херој, исто како и полицајците кој веднаш се стрчаа кон местото во обид да помогнат. Можеа да загинат уште луѓе доколку пилотот не успееше да го сврти хеликоптерот кон паркингот“, Рекол Кокс.

Scroll to Top