Венецуелскиот напаѓач Едуардо Белјо имаше навистина посебно прославување на постигнат гол. Откако го даде првиот гол за чилеанскиот клуб ЦД Антофагаста против Евертон, тој зеде прстен од еден од тренерите, отиде на трибините и ја побара својата девојка за жена.
23-годишниот Белјо го постигна голот во втората минута, по што постигна уште еден гол, но на крајот неговиот клуб загуби со 3:2. Се надеваме дека ова не е некаква прогноза за неговиот брак.
Antofagasta’s Venezuelan striker Eduard Bello makes it 1-0 and celebrates by jumping into the stands to ask his girlfriend to marry him. Probably gets booked by the ref straight after. pic.twitter.com/PkdUUmsA1t
— MUNDIAL (@MundialMag) October 28, 2018