Top Sport

Најемотивната титула – дедото на Хамилтон починал неколку дена пред трофејот

Една недела откако неговиот дедо Дејвидсон почина, Луис Хамилтон во Мексико Сити ја освои својата петта светска титула, станувајќи само третиот возач со ваков успех во историјата.

Дедото Дејвидсон Хамилтон го донесе неговото семејство од Гренада во Велика Британија во 1955 година по ураганот кој ја уништи неговата фарма на островот на Карибите. Во градчето Гранд Рој на западниот брег на Гренада, Дејвидсон имаше репутација на најбрз возач на мотоцикл.

Неговиот внук, Луис Карл Дејвидсон Хамилтон, реши да не ја открива загубата сѐ додека не ја освои титулата на Мексиканското ГП за да се израмни со Хуан Мануел Фанџо и да се доближи на две титули на сега веќе не толку недостижен рекорд на Михаел Шумахер.

„Ова беше тежок викенд за нашето семејство. Мојот дедо беше главен во нашата фамилија. Некој кој го држи семејството заедно. Тој беше толку горд што името Хамилтон влегува во историјата“, изјави Хамилтон.

Дејвидсон се преселил во западен Лондон, каде што работеше во метрото, а во 1963 го доби таткото на Луис, Ентони. По смртта на неговата сопруга, двајцата се преселија во Стивениџ, каде што израсна тркачот на Мерцедес. Ентони беше ментор и поддржувач на Хамилтон од неговото детство, но потоа односите се расипаа, пред сега да се повторно во добри односи.

„Мојот татко и јас сме многу блиски, и сега смртта на дедо не направи уште поблиски. Никогаш нема да заборавам што тој направи за денеска јас да сум шампион. Сакам да сум како него, силен човек, како татко кој знае што треба да направи“, вели шампионот.

Scroll to Top