Капитенот на Интер, Мауро Икарди и неговата партнерка Ванда Нара го прославија вториот роденден на нивната ќеркичка Изабела со 20.000 рози и со „еднорог“, секако, коњче со направен рог за ќеркичката.
Икарди се пофали со фотографија на својот Инстаграм профил, исто како и неговата сопруга, која исто така му е агент и му го преговара новиот обновен договор со „нераѕурите“.