Бордот на директори, на чело со претседателот Флорентино Перез, синоќа по четири месеци колку што мина на функцијата му врачи отказ на тренерот Хулен Лопетеги. Лошите резултати му пресудија на поранешниот шпански селектор, кој пред почетокот на Светското првенство во Русија, неславно ја заврши и епизодата на клупата на „црвената фурија“.
Јасно е дека раководството ја донело одлуката Лопетеги да замине, а на неговото место да биде именуван тренерот на младинскиот тим, Сантијаго Солари.
Весникот „Марка“, денес открива дека неколку фудбалери на Реал биле против одлуката Лопетеги да добие отказ.
Оние поискусните: Марсело, Иско, Тони Крос, Каземиро и секако капитенот Серхио Рамос, побарале од челниците да не брзаат со отказот.
Сепак тие не успеаја да го спасат Лопетеги.