Претседателот на УФЦ, најсилната организација во рамките на ММА, Дена Вајт, рекол дека доколку биде договорена борба помеѓу Флојд Мејведер и Хабиб Нурмагомедов, таа треба да биде споре правилата на неговата организација.
„Доколку Мејведер сака да се тепа со Хабиб, тоа ќе биде во рамките на УФЦ. Нема да боксуваме против него. Еднаш го направивме тоа, доста беше! Доколку сака да се бори ќе добие вистинска борба, вистинска тепачка“, рекол Вајт.
Нурмагомедов, кој неодамна убедливо го победи Конор Мекгрегор и ја одбрани титулата во лесна категорија, рекол дека планира мечот со Мејведер да биде одржан во Москва на стадионот „Лужники“ пред 100.000 гледачи.
Вајт ќе инсистира доколку борбата биде договорена, таа да биде според правилата на УФЦ, бидејќи не сака да уништува кредибилитетот на организацијата иако од телевизиските права и продажбата на билето заработиле десетици милиони долари.
Ова се должи на борбата помеѓу Мејвејдер и Мекгрегор, кога мечот се претвори во вистински циркус, откако Ирецот во 10. рунда целосно остана без сила, а потоа прими неколку удари по што го загуби мечот.