Шведскиот возач на тимот на Заубер, Маркус Ериксон од следната сезона ќе вози во Инди кар шампионатот во САД како возач на Шмид Петерсон моторспортс (СПМ), а ќе остане и резервен возач на Заубер.
28-годишниот Ериксон го загуби местото во Заубер од светскиот шампион од 2007 година, Кими Раиконен, кој ќе вози покрај италијанскиот дебитант Антонио Џовинаци, додека младиот Шарл Леклер заминува во Ферари да биде партнер на Себастијан Фетел.
„Ова е нов чекор за мене и мојата кариера по пет години во Формула 1. Едвај чекам да почнам да работам во американското тркање“, вели Ериксон.
Фото: ЕПА