Top Sport

„Пишман“ Бешикташ ќе го враќа Кариус во Ливерпул?!

Германскиот голман Лорис Кариус би можел да се врати назад во Ливерпул, по само неколку месеци поминати во тимот на Бешикташ, во Турција, откако раководството на турскиот клуб истакна незадоволство од неговите изданија.
Лошата форма и низата грешки кои го одбележаа престојот на Кариус во Англија, пред се во финалето на ЛШ против Реал Мадрид кога на Шпанците им подари два гола, по се изгледа ги пренесе и во Турција, па лесно може да се случи двегодишната позајмица да заврши уште во јануарскиот преоден рок.
Бешикташ моментно му плаќа на Кариус половина плата, другиот дел е обврска на Ливерпул.
Бешикташ во моментов е на четвртото место на табелата, со три бодови заостаток од лидерот Истанбул.
Scroll to Top