Староновиот шампион на Формула 1, Британецот Луис Хамилтон викендов ја одбрани титулата светски првак, а се чини дека не му оди лошо и надвор од брзите патеки.
Хамилтон до пред дваесетина месеци беше во врска со популарната пејачка Никол Шерцингер, а сега медиумите на Островот шпекулираат дека прекинот на љубовта со Никол не оставил голема трага кај Луис.
Информациите се дека тој сега е во прегратките на руската манекенка, Анастасија Квитко. Таа е десет години помлада од него и изгледа фантастично.