Top Sport

Играчите не го сакале Конте за тренер, Мартинез најблиску до клупата на Реал

Челниците на Реал Мадрид се откажале од можноста Антонио Конте да го назначат за нов тренер, бидејќи на таквото решение се спротивставиле фудбалерите на чело со капитенот Серхио Рамос.

Дополнителна причина за неименувањето на Конте, Реал би морал да се откаже од евентуалниот трансфер на Еден Азар, пишуваат шпанските медиуми.

Весникот „АС“, објави дека капитенот Серхио Рамос на претседателот Флорентино Перез му го пренел ставот на играчите дека не сакаат „диктатор“ за тренер. Конте поради лошата комуникација со најголемите ѕвезди на Челси, Азар, Вилијан и Диего Коста, предвреме мораше да го напушти Лондон.

Токму поради тоа прв пик на претседателот на Реал е актуелниот белгиски селектор Роберто Мартинез. Тој е доволно стручен, но она што е најважно во одлично односи е со Азар, кого Реал ќе се обиде да го донесе наредното лето.

Реал, во понеделникот вечерта, му врачи отказ на Хулен Лопетеги и за нов тренер го постави Сантијаго Солари.

Scroll to Top