Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и нејзиниот претседател, Џани Инфантино, сериозно ја разгледувале опцијата да го зголемат бројот на учесници на Светското првенство во Катар во 2022 година.
ФИФА, претходно соопшти дека СП во Катар ќе биде последно на кое ќе учествуваат 32 репрезентации и дека од 2026 година, на СП во САД, Канада и Мексико ќе учествуваат 48 репрезентации.
„Решивме да го зголемиме бројот на репрезентации во 2026 година. Дали истото ќе се случи и во Катар? Размислуваме…Доколку постои можност зошто да не“, рекол Инфантино.
„Мораме да видиме дали тое ќе биде возможно. Ќе разговараме со нашите пријатели од Катар и тој регион, се надеваме дека ќе можеме да ја спроведеме таа идеја. Секако ќе се обидеме“.
Планот на ФИФА е доколку во Катар учествуваат 48 репрезентации, тогаш во организацијата да помогне некоја од земјите во регионот. Проблемот во овие математики на ФИФА е фактот што Катар не во добри односи со своите соседи: Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Египет.