Аргентинскиот фудбалер, Лионел Меси се појави на тренинг во Барселона откако на 20. овој месец, на натпреварот против Севилја го повреди лактот.
Барселона убавата вест ја објави на клупскиот Твитер профил. Прогнозите беа дека Меси ќе отсуствува подолг период од фудбалските терени, но сепак по десетина дена тој се врати во тренажен ритам.
Инаку отсуството на првата ѕвезда на екипата не се почувствува премногу затоа што Барса на двата последни натпревари го победи Интер со 2:0 во Лигата на шампионите, а минатиов викенд славеше преубедливо и над Реал Мадрид, во „Ел класико“ со 5:1.