Анхел ди Марија ќе остане на „Паркот на принцовите“ барем до крајот на сезоната 2020/21, откако потпиша нов тригодишен договор со Пари Сен-Жермен.
Аргентинецот дојде во Париз по несреќната сезона во Манчестер јунајтед во 2015 година и во ПСЖ добиваше редовна шанса да биде во стартниот состав и сега ќе остане кај „светците“ додека не наполни 33 години.
„Пресреќен сум што останувам во Пари Сен-Жермен. Уживав во последните три години во Париз, каде што имам сѐ што е потребно да го играм мојот најдобар фудбал. Секој ден, се чувствувам почестен и мотивиран што сум дел од толку амбициозен проект, уникатен во Европа и во светот. Поддршката на фановите е фантастична и ветувам дека ќе го дадам максимумот“, вели Ди Марија.
Ди Марија се обврзува да остане во ПСЖ во моментите кога иднината на две ѕвезди на клубот, Нејмар и Единсон Кавани е несигурна.
Фото: ЕПА
???@PSG_English are thrilled to announce that Ángel Di María has signed a contract extension through 2021 with the club! ? #DiMaria2021
?? #ICICESTPARIS pic.twitter.com/IGn3gPuAtZ
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) October 31, 2018