Кристијано Роналдо ја прослави Ноќта на вештерките со „страшна“ фотографија на социјалните мрежи и тоа со целото семејство.
Ѕвездата на Јувентус на себе имаше маска на страшен кловн, додека неговата партнерка Георгина Родригез имаше маска на Дракула од филмот со Гери Олдман од 1992 година. Кристијано Јуниор исто така беше маскиран, како и близначките Матео и Ева. Најмладата ќерка на Роналдо, Алана, немаше маска, но затоа имаше перика.