Кошаркарот на Минесота Тимбервулвс, Дерик Роуз е тема на денот во САД. Роуз, во победата на Минеста над Јута 128:125 потсети на своите најдобри денови. Роуз, ги постигна клучните поени во завршницата, а натпреварот го заврши со 50 поени, што е негов рекорд во кариерата.
Роуз е поранеше прв пик на драфтот и МВП на сезоната 2010/2011. Му предвидуваа блескава кариера, меѓутоа повредите и операциите на колената не му дозволија да да стане вистински супер-стар.
„Ова навистина многу ми значи, се убивам од работа за ова. Им благодарам на соиграчите, навивачите, франшизата, без нив немаше да можам да одиграм на вакво ниво. Соиграчите ми рекоа само да ја играм својата игра. Ѓаволски добра ноќ за мене“, рекол низ солзи Роуз по завршувањето на мечот.
Инаку, бекот на Минесота покрај 50.поени имал и четири скока и шест асистенции. Тимбервулвс имаа скор од четири победи и исто толку порази.
Покрај Роуз кај Минесота се истакнаа Карл-Ентони Таунс со 28 поени и 16 скока и Ендру Вигинс со 19 поени. На спротивната страна Донован Мичел постигна 26 поени.