Top Sport

Браун пред потпис со КК Морнар

Искусниот американски кошаркар Боби Браун кариерата ќе ја продолжи во редовите на црногорскиот шампион Морнар од Бар.

Браун ќе биде член на Морнар до завршувањето на натпреварите во Еврокупот, а доколку тимот не избори пласман во втората фаза ќе може да го напушти клубот. Исто така, тој во секој момент ќе може да замине доколку добие конкретна понуда од Кина или од екипа што се натпреварува во Евролигата.

Искусниот плејмејкер (34), со богато НБА искуство, минатата сезона ја заврши како играч на Олимпијакос. Во кариерата настапувал за Сакраменто, Минесота, Њу Орлеанс, ЛА Клиперс и Хјустон во НБА лигата, а во Европа играл за Алба, Арис, Монтепаски и Бешикташ.

Како играч на Монтепаски, во 2013 година ја доби наградата „Алфонсо Форд“, што Евролигата му ја доделува на најдобриот стрелец во сезоната.

Брун, во периодот додека играл за Монтепаски, на еден натпревар постигнал 41 поени, што се уште е апсолутен рекорд во Евролигата.

Scroll to Top