Top Sport

Ловрен: Подобар сум од Серхио Рамос

Дејан Ловрен ја разлути светската, а посебно англиката јавност, кога по победата на Хрватска над Англија во полу-финалето на Светското првенство во Русија изјави дека „луѓето требало да прифатат дека тој е еден од најдобрите централни дефанзивци во светот“.

Англичаните најпрвин ја критикуваа оваа изјава, нарекувајќи ја егоистична и арогантна.

„Нема ништо погрешно во тоа што кажав дека сум еден од најдобрите централни дефанзивци во светот. Секако дека моите критичари секогаш ќе го негираат тоа. Некогаш не ги заслужувам критиките“, рекол Ловрен за „Копа90“.

Потоа тој ова свое тврдење го аргументирал со споредбата со капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.

„Доколку ја погледнете статистиката ќе забележите дека Серхио Рамос греши повеќе од мене. Заштитен е само поради тоа што игра за Реал Мадрид. Тој кога ќе згреши никој не го критикува. А кој ќе те критикува кога победуваш 5:1 или 5:2?“.

Хрватот од Ливерпул, рекол дека најдобри централни дефанзивци во светот се Вирџил ван Дајк (Ливерпул), Рафаел Варан (Реал Мадрид) и Тијаго Силва (ПСЖ).

Scroll to Top