Top Sport

Емотивна порака на Ѓоковиќ по враќањето на тенискиот трон (Видео)

Новак Ѓоковиќ се огласи на социјалните мрежи откако по пауза од две години се врати на првата позиција на АТП листата.

Србинот стана број 1 откако Рафаел Надал го откажа својот настап на мастерсот во Париз.

Враќањето на челната позиција на АТП листата го коментирал со кратка порака и носталгична фотографија на „Твитер“.

„Верувајте во себе. Секој ден“, напишал Ѓоковиќ над фотографијата на која е тој во деновите кога започнал да се занимава со тенис.

Ѓоковиќ за само пет месеци од 22. стигна до првата позиција на АТП листата, што претходно му успеало само на Марат Сафин пред 18 години.

Scroll to Top