Италијанскиот фудбалски голман Џанлуиџи Џиџи Буфон (40) ќе дебитира за својот ПСЖ во Лигата на шампионите токму во својата татковина, во Неапол.
Првите три натпревари на ПЗЖ сезонава поминаа без неговите услуги поради казната што Буфон ја доби поради црвениот картон против Реал Мадрид, во претходната сезона. Сега тренерот на тимот Томас Тухел може да здивне, откако на претходните дуели го форсираше Алфонско Ареола.
„Секогаш кажувам, тој е многу важен за нас, тој е легенда која има сјајна кариера. Неговото искуство многу ни значи. Им помага на соиграчите со разговор – вели Тухел за Буфон.