Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, изјави дека не знае дали актуелниот Мундијал ќе биде последниот во кариерата на Лионел Меси.
„Не знам дали ова е неговото последно Светско првенство. Тоа треба да го прашате него. Никогаш не престанува да нè изненадува“, изјави Скалони.
Пред финалето против Шпанија, селекторот со многу емоции зборуваше за својот капитен и за генерацијата која во изминатите години ѝ донесе големи успеси на Аргентина.
„Меси е чиста историја, легенда на светскиот фудбал. Горд сум што имам можност да работам со него. Да се стигне до финале на Светско првенство на 39 години е неверојатен успех. Оваа генерација ни донесе незаборавни години. Без разлика на исходот од финалето, тоа што го направија засекогаш ќе остане запишано во историјата. Вечно сме им благодарни“, порача Скалони.
