По многу (не)проверени информации околу кариерата на Возиња, голманот на сензацијата на Светското првенство, Зелено’ртските Острови, сепак, пристигна во Чиле, за да потпише договор со локалниот гигант Коло Коло, а потоа да биде претставен на локалните медиуми како капитално засилување.
⚪️⚫️🇨🇱 Cape Verde hero Vozinha arrives in Chile to join Colo Colo.@rodrigogomezf @cooperativa 🎥 pic.twitter.com/et26l71mgd
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 3, 2026
Веќе на првиот чекор, му беше дадено до знаење дека е на вистинското место, бидејќи на аеродромот го пречекаа бројни навивачи, новинари, сниматели, фоторепортери… Во исклучително еуфорична атмосфера и со големи очекувања.
Vozinha ya está en Chile 🇨🇱
—
Vozinha is already in Chile 🇨🇱
—
A Vozinha já está no Chile 🇨🇱 pic.twitter.com/xKOM2xwcKc— Colo-Colo (@ColoColo) August 3, 2026
Ветеранот ја изгради својата кариера низ Европа и Африка. Од 2007 до 2015 година, настапуваше за клубови во својата родна земја, но и во Ангола, поранешна португалска колонија.
Првиот чекор кон европскиот фудбал го направи во 2015 година со преселба во молдавски Зимбру, каде што помина една сезона, по што се пресели во Португалија и го носеше дресот на Жил Висенте. На Кипар го помина најдолгиот период од својата кариера – цели пет сезони – пред да го продолжи своето патување во Словачка, каде што ги бранеше боите на Тренчин.
Последните две сезони ги помина во португалскиот Чавес, од каде што пристигнува во нов клуб со богато меѓународно искуство стекнато на два континента.
