Top Sport

Андер Ерера си оди од Манчестер јунајтед

Андер Ерера ја игра својата последна сезона во Манчестер јунајтед, а како стојат работите клубот ќе се обиде да го продаде веќе во јануарскиот преоден рок.

Ерера пред четири години од Атлетик Билбао пристигна на „Олд Трафорд“. Јунајтед за неговите услуги издвои 33 милиони фунти. Ерера досега има одиграно 166 натпревари на кои постигнал 17 гола.

Сепак оваа сезона тренерот Жозе Мурињо не ги користи неговите услуги, бидејќи поранешниот шпански репрезентативец настапил на само пет натпревари.

Договорот на Ерера со Манчестер јунајтед важи до крајот на оваа сезона, поради што Манчестер јунајтед ќе се обиде да го продаде во јануари, за да може нешто да заработи од неговиот трансфер.

Јунајтед, наводно веќе ја одредил цената за Ерера, а таа е симболична и изнесува пет милиони евра.

Scroll to Top