Top Sport

(Видео) Атлетико му оддаде почит на Жота во Ливерпул

Атлетико Мадрид гостува во Ливерпул, во првото коло од Лигата на шампионите во среда. Тоа ќе биде еден од најинтересните натпревари на денот.

Исто така, тоа ќе биде натпревар во кој два клуба ќе се сетат на играч кој беше член на двата тима. Диого Жота беше член на Атлетико од 2016 до 2018 година, додека од 2020 година до неговата трагична смрт во 2025 година ги бранеше боите на Ливерпул.

Португалецот никогаш не успеа да се наметне кај Диего Симеоне и беше позајмен на Порто и Вулверхемптон.

Управата на мадридскиот клуб ја искористи посетата на Ливерпул за да положи цвеќе на споменикот на Жота.

Жота почина на 3 јули 2025 година во сообраќајна несреќа во Шпанија во покраината Замора. Жота отпатува во Сантандер со својот брат Андре Силва. Таму требаше да биде префрлен во Англија со ферибот бидејќи лекар му советуваше да не лета поради претходна мала операција на белите дробови во Порто.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');